Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Никола Илиевски – Џиџи е нов тренер на второлигашот ГФК Охрид. Со искусниот стратег на клупата, Охрид ќе се обиде следната сезона да обезбеди прволигашки статус.
„Поранешниот селектор на македонската репрезентација Никола Илиевски нов тренер на ГФК Охрид. Искусниот стратег во својата богата кариера покрај многуте македонски клубови, ги има водено и екипите на словенечкиот Целје, романската Валчеа, албанскиот Билиш и индонезискиот Персијап. Популарниот Џиџи во два наврати беше селектор на македонската репрезентација, а истотака ја предводеше и репрезентацијата на Бангладеш. Добредојде Џиџи“, објавија од ГФК Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













