Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе и неговиот соиграч Кингсли Коман го пропуштија отворениот тренинг во Падерборн, во пресрет на стартот на Европското првенство во Германија.
Претставниците на француската репрезентација објавија дека Мбапе останал во теретана, а Коман има блага настинка, која минатата недела го мачеше и Осман Дембеле.
Аурелиен Чуамени и Ибрахима Конате работеа одвоено од тимот со кондициски тренер.
Франција вчера го одржа првиот тренинг отворен за јавноста откако во средата пристигна во Германија.
Тренингот на стадионот во Падерборн го следеа околу 4.000 луѓе, а организаторите имаа 100.000 барања да присуствуваат на тој тренинг.
Светскиот вицешампион Франција на Европското првенство ќе игра во групата Д против Холандија, Австрија и Полска.
Избраниците на Дидие Дешамп ќе го започнат натпреварувањето со дуелот против Австрија, в понеделник од 21 часот во Диселдорф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













