
Олимпик Марсеј му предложил договор за три години на поранешниот менаџер на Брајтон, Роберто Де Зерби. Преговорите се во напредна фаза и многу веројатно ова ќе биде следната работа на 45-годишниот Италијанец, кој на самиот крај од изминатата сезона ја објави разделбата со Брајтон.
Де Зерби беше поврзуван со Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Барселона, Баерн Минхен и Јувентус, но на крајот не се остварија најавите за зделка со ниту еден од овие великани.
До неодамна фаворит за тренерската позиција на Марсеј беше Серџио Консеисао, но изгледа дека оваа опција пропадна и сега на дневен ред е Де Зерби. Според италијанските медиуми, младиот стратег а гледа работата во Лига 1 како одлична можност за стекнување дополнително искуство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal