Бразилскиот интернационалец Даглас Луиз е на прагот на трансфер во Јувентус. Одличниот дефанзивен играч за врска на Астон Вила постигна договор со италијанскиот клуб и во следните четири години би требало да заработува околу пет милиони евра по сезона.
Бразилецот вреди 70 милиони евра, а Јувентус ги нема тие пари, па раководството на италијанскиот тим смисли опција која Англичаните ќе ја прифатат. Астон Вила мора да заработи малку за да нема проблеми со финансискиот фер-плеј, па за Даглас Луиз ќе добие 20 милиони евра, но и двајца играчи на Јувентус.
Даглас Луиз е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а минатата сезона постигна десет гола и исто толку асистенции на 53 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













