
Украинскиот голман Андриј Лунин летово би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во англискиот премиерлигаш Арсенал.
Андриј Лунин ненадејно доби шанса минатата сезона да покаже што знае на голот на Реал Мадрид. По тешката повреда на Тибо Куртоа, „кралевите“ го доведоа некогаш најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага, но набрзо тој седна на клупата и токму Лунин беше на голот во поголемиот дел од сезоната.
Украинецот бранеше одлично и според многумина, тој е меѓу најзаслужните за одличните резултати на „кралскиот клуб“ оваа сезона, но тешко дека и во следната ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Лунин е под договор до летото 2025 година, но не е премногу среќен поради фактот што повторно ќе стане број два, зад Тибо Куртоа. Микел Артета тоа сака да го искористи и да го доведе во Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
