Јувентус и официјално објави дека Тиjаго Мота е нов тренер на „бјанконерите“. Неговиот договор е до јуни 2027 година.
Младиот 41-годишен тренер минатата сезона со Болоња направи бум и за првпат во историјата се квалификуваше во Лигата на шампионите.
„Среќен сум што го започнав ова ново поглавје во врвен клуб како Јувентус, ви благодарам за довербата и можам да гарантирам дека ќе дадам сѐ од себе за да ги направам горди навивачите на Јувентус“, изјави новиот тренер на Јуве за клупската веб-страница.
Како фудбалер, Тијаго Мота, кој е Италијанец со бразилско потекло, играше за тимови како Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и Пари Сен Жермен. Младиот стручњак во текот на својата тренерска кариера го водеше младинскиот тим на ПСЖ, а потоа Џенова, Специја и Болоња.
™️⚽ pic.twitter.com/f7VO75ZWTP
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) June 12, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













