Connect with us

Барела ќе биде најплатениот Италијанец и ќе остане во Интер до 2029 година

Шампионот на Италија, Интер, го задржа Николо Барела до 2029 година. Италијанскиот репрезентативец и официјално ќе остане во наредните пет години на „Џузепе Меаца“.

„Интер може да соопшти дека постигна согласност за продолжување на договорот на Николо Барела, фудбалерот од средниот се обврза кон нероаѕурите до јуни 2029“, објави Интер.

Николо Барела ќе биде најплатениот Италијанец во Серија А. Неговата годишна плата ќе биде 6,5 милиони евра, а со бонуси може да достигне и до 8 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови