Општина Гостивар ги демантира информациите за вашиот медиум на сегашното раководство на ФК Гостивар за наводно попречување на изградбата на новиот градски стадион во износ од 10 милиони евра.
Раководството кое во последно време повеќе се занимава со политика, во изјава за вашиот портал „Макфудбал.мк” има нагласено дека наводно пред две години поднеле барање за дозвола за изградба на стадионот, но ова тврдење Општина Гостивар категорично го демантира дека имало претходен договор. Имало поднесување на проект-идеја што е пожелно. Но, немало барање за градежна дозвола.
Ги повикуваме вашиот почитуван медиум што поскоро да ја повлече објавената вест, бидејќи професионалната вест ги опфаќа двете страни, а оваа вест е еднострана. Исто така бараме од раководството на ФК Гостивар да не клевети, и што поскоро да излезе со јавно извинување, во спротивно ќе бидеме приморани да ги следиме законските постапки.
Инаку, раководството на ФК Гостивар до сега се занимаваше со политика и некои козметички инвестиции и ништо повеќе.
Што се однесува до проектот за изградба на стадионот, досега е реализиран само урбанистичкиот план и продолжува завршната фаза од физибилити студијата. По завршувањето ќе има јавен оглас на кој право на аплицирање ќе има секој кој ги исполнува условите кои ќе бидат утврдени во огласот.
Со почит,
Служба за информирање при Општина Гостивар
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski