Connect with us

Скандал во германскиот тим: Се степаа Фулкруг и Рудигер

Германската репрезентација ја потресе скандал на еден од последните тренинзи. „Билд“ тврди дека двајца играчи на Бундес-тимот влегле во сериозен клинч и за малку ќе се степале меѓу нив.

Станува збор за напаѓачот Никлас Фулкруг и дефанзивецот Антонио Рудигер. По серијата груби дуели, двајцата се степале и си размениле навредливи зборови. Само брзата интервенција на помошниот тренер Сандро Вагнер спречи нешто посериозно да се случи.

Интересно, на немилиот инцидент посведочиле близу 4.000 луѓе кои во живо го следеле тренингот на репрезентацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови