По правило, шампионот во Лигата на шампионите е учесник на Светското клупско првенство и најчесто до таа титула стигнува преку турнир на кој најсилна конкуренција му се екипи од Јужна Америка.
Новиот систем на ФИФА со дури 32 тима од целиот свет ќе стартува во летото 2025 година, а меѓу 32-те екипи е и Реал Мадрид.
Во суштина, станува збор за тестирање на капацитетите на САД за Светското првенство во 2026 година. Системот од осум групи по четири селекции е како цело натпреварување и тоа во подготвителниот период на тимот за почетокот на сезоната.
Во тоа име Карло Анчелоти експлицитно кажа дека одбива да учествува во тоа натпреварување.
„ФИФА треба да заборави на тоа. Играчите и клубовите нема да учествуваат на него. Еден натпревар на Реал Мадрид чини 20 милиони евра, а тие сакаат да ни ги дадат за да го освоиме целиот турнир. Лошо. Освен нас, и некои други клубови ќе одбијат да учествуваат“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид петпати го освојуваше Светското клупско првенство во периодот од 2014 до 2022 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski