Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, призна дека морал многу да размислува за да ја одбие понудата за преземање на Баерн Минхен. Баварците сакаа стратегот да го наследи Томас Тухел, но тој даде негативен одговор и клубот се сврте кон Винсен Компани.
„Тоа беше една од најтешките одлуки во целата моја кариера. Во Баерн играат четворица мои поранешни играчи и четворица вработени во клубот, кои ги познавам од порано. Зборуваме за еден од гигантите на Европа. Вакви понуди не доаѓаат често. Ја сфатив сериозно и ја разгледав понудата. Сакам да истакнам дека мојата одлука не е против Баерн како клуб“, изјави Рангник во интервју за „Кикер“.
„Изјавите на Ули Хенес немаа влијание врз мене. Дури би рекол дека тој можеби беше една од причините да размислувам да ја прифатам понудата. Секако, нашите ставови не се разликуваат многу“, додаде Рангник.
Под негово водство Австрија се пласираше на ЕП 2024 и ќе ја предводи селекцијата на шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













