Англискиот вицешампион Арсенал би можел да го ангажира голгетерот на Борнмут, Доминик Соланке, тврдат медиумите на Островот. Поранешниот напаѓач на Ливерпул минатата сезона во Премиер – лигата постигна 19 гола и забележа три асистенции и неговата амбиција е да се врати во клуб кој ќе се бори за титулата.
Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, сака да го засили нападот во текот на летото, но, покрај Арсенал, за 26-годишниот Англичанец е заинтересиран и лондонски ривал Тотенхем.
„Атлетик“ открива дека има откупна клаузула во договорот на Соланке со Борнмут, која е во висина од 65 милиони фунти. Ливерпул ќе добие процент од следната продажба на напаѓачот. „Црвените“ го продадоа Соланке на Борнмут во 2019 година за 19 милиони фунти. Според информациите, клубот од „Енфилд“ ќе добие околу 9 милиони фунти при активирање на клаузулата од 65 милиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













