
Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, се сретнал лично со Томас Тухел претходно оваа недела во Монако, тврди „Билд“. Германецот со недели се поврзува како еден од фаворитите да го замени Ерик тен Хаг, доколку „Инеос“ реши да се раздели со Холанѓанецот.
На средбата Тухел ги претставил своите планови и визија за развој на тимот доколку биде назначен за нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Тој, исто така, посочи какви мерки има намера да преземе за да се врати на вистинскиот пат и да ја подигне формата на играчите како Џејдон Санчо и Мејсон Маунт, кои дефинитивно не играа најдобро после трансферите на „Олд Трафорд“.
Како пример Тухел го искористи Антонио Рудигер, кој значително го подигна нивото на своите перформанси за време на раководењето со Германецот во Челси. Се очекува Манчестер Јунајтед следната недела официјално да го добие извештајот за клупската сезона и настапите од Ерик тен Хаг, пред да донесе одлука за неговата иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
