Јувентус ќе се обиде да го врати напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, пренесува „Тутоспорт“. Според изворот, ваквата одлука на тимот од Торино се должи на тоа што напаѓачот Аркадиуш Милик заработи повреда на менискусот и се очекува да биде надвор од терените околу шест недели.
Се очекува полскиот репрезентативец да биде фит за почетокот на сезоната, но Мората сепак останува сериозна опција.
Доколку шпанскиот фудбалер одлучи да се пресели во клуб од Серија А, ќе мора да преземе намалување на платата.
31-годишниот играч веќе играше за Јувентус од 2014 до 2016 година, а потоа и од 2020 до 2022 година. Неговиот договор со Атлетико Мадрид е до јуни 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













