Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да го ангажира Хироки Ито од германскиот Штутгарт, пренесуваат медиумите на Островот. Се очекува лондонскиот тим да понуди 40 милиони за правата на дефанзивецот.
Лондончани сакаат да ја засилат одбраната откако минатата сезона примија 61 гол во 38 натпревари. Од Топ 6 тимовите, Тотенхем, Челси и Астон Вила имаат примено најмногу голови во Премиер – лигата.
25-годишниот Ито игра за Штутгарт од 2021 година, а минатата сезона му помогна на тимот да заврши на четвртото место во Бундес – лигата, со што и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Во кариерата за германскиот клуб има 97 натпревари и два гола.
Ито е и јапонски репрезентативец со 18 официјални натпревари и еден гол за Азијците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













