Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е на прагот на враќање во Премиер – лигата. Тој е главен фаворит за клупата на Лестер, кој минатата сезона обезбеди промоција во елитата.
„Лисиците“ бараат замена за нивниот досегашен менаџер Енцо Мареска, кој пред неколку дена го презеде Челси.
Во последниот месец се шпекулираше дека Солскјер ќе биде селектор на канадската репрезентација или тренер на Бешикташ. Сепак, едните го претпочитаа Џеси Марш, а турскиот гигант го назначи Џовани ван Бронхорст.
51-годишниот Норвежанец е без работа од 21 ноември 2021 година, кога се повлече од менаџерската функција во Манчестер Јунајтед. Во текот на тренерската кариера, поранешниот напаѓач ги водеше и норвешкиот Молде и велшкиот Кардиф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













