
Реал Мадрид веќе ги подготвува сите детали за доаѓањето на Килијан Мбапе. Французинот ќе биде претставен по завршувањето на Европското првенство, а клубот веќе ја подготви и неговата соба во тренинг центарот „Валдебебас“.
Овој дискретен, но значаен гест беше снимен во видео споделено од Диего Менгвал од „Conexion Deportiva“. На видеото е прикажана луксузната соба која ќе ја користи Мбапе, каде ќе треба да да спие меѓу тренинзите, да се одмори или едноставно да се освежи.
Собата нуди прекрасен поглед на терените за тренинг од нејзиниот балкон, додавајќи го шармот на новата околина на Мбапе.
Интересно, оваа соба претходно му припаѓаше на легендата на Реал Мадрид, Тони Крос, кој го одигра последниот натпревар за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
