Крилниот напаѓач на Наполи, Квица Кварацкелија, можеби летово и нема да замине во Пари Сен Жермен, како што досега се најавуваше, тврди француското издание „Л’Екип“. Изворот посочува дека новиот тренер на „наполитанците“ Антонио Конте има намера да го задржи грузискиот фудбалер во тимот.
Се споменува и дека парижаните нема да се откажат од обидите да го добијат напаѓачот, кој францускиот гигант сака да го доведе како замена на Килијан Мбапе. Грузиецот исто така би сакал да замине во Париз.
Минатата сезона Кварацкелија учествуваше на 45 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 11 голови и девет асистенции во дресот на Наполи.
Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2027.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













