
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, успеа да ја изненади јавност со одлуката на Европското првенство да не го однесе младиот стопер Пау Кубарси, кој сезонава импресионираше со настапите во дресот на Барселона.
Сепак, на крајот Кубарси се најде меѓу тројцата играчи кои „отпаднаа“ од списокот за ЕВРО 2024, што е доста изненадувачки потег на селекторот на „фуријата“.
Покрај Кубарси, на ЕП во Германија нема да одат и Маркос Алонсо од Атлетико Мадрид и Алеиш Гарсија од Џирона, кои исто така имаа сезона од соништата, но очигледно ниту тоа не беше доволно за да се најдат во авионот за Германија.
Изборот на селекторот на Шпанија е следен:
Голмани: Давид Раја, Унаи Симон, Алекс Ремиро.
Одбрана: Ајмерик Лапорте, Робин ле Норманд, Начо Фернандез, Алехандро Грималдо, Дани Карвахал, Хесус Навас, Марк Кукурелја, Дани Вивијан
Среден ред: Родри, Мартин Зубименди, Микел Мерино, Фабијан Руиз, Педри, Фермин Лопез, Алекс Баена
Напад: Алваро Мората, Ламин Јамал, Нико Вилијамс, Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Хозелу, Феран Торес, Ајозе Перез

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
