Тони Крос на домашен терен со Германија ќе го игра Европското првенство, по што ќе стави крај на фудбалската кариера. Тој за „Кикер“ откри што планира да прави по завршувањето на играчката кариера.
„Претежно ќе поминувам време со моето семејство. Ќе продолжам да работам на подкастот со брат ми Феликс, а ќе работам и во мојата фудбалска академија во Мадрид. Исто така, во септември, ќе започне и натпреварувањето во мал фудбал што го основав, но јасно е дека не сакам да се впуштам во 18 проекти за да имам обврски како кога бев играч“, изјави Крос.
Тој уште еднаш се осврна на причината за неговото пензионирање.
„Едноставно сакам да бидам запаметен како 34-годишниот Тони Крос кој на крајот од кариерата ја одигра својата најдобра сезона за Реал Мадрид“, потенцираше фудбалерот од средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













