Францускиот гигант Пари Сен Жермен има силен интерес за напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез. 24-годишниот Аргентинец е големата трансферна цел на Атлетико Мадрид, но тешко дека „душекчиите“ би можеле да достават понуда како ПСЖ.
Манчестер Сити нема сериозна намера да го продаде Алварез, но самиот фудбалер претпочита почесто да игра на омилената позиција како централен напаѓач и затоа можеби ќе побара други можности.
Алварез постигна 36 гола за Манчестер Сити во неговите две сезони со „граѓаните“, но Пеп Гвардиола го користеше на многу различни позиции.
Според информациите од Аргентина, Манчестер Сити нема да се противи да го продаде Алварез доколку добие понуда од 70 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













