Хари Мегваер е скршен затоа што нема да игра за Англија на Европското првенство. Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед не влезе на конечниот список на селекторот Герет Саутгејт откако не успеа да се опорави од повредата.
„Скршен сум што не сум дел од тимот што ќе игра за Англија на Европското првенство ова лето. И покрај моите најдобри напори, не успеав да ја надминам повредата на потколеницата. Можеби премногу се трудев обидувајќи се да успеам. Комплетно сум уништен. Најголема чест ми е да ја претставувам Англија. Тоа ми значи сѐ. Ако не можам да му помогнам на тимот како играч, ќе го поддржам како навивач – заедно со целата земја. Одете и освојте го трофејот момци“, истакна Мегваер.
На конечниот список нема место ниту за Џек Грилиш од Манчестер Сити, ниту за Џејмс Медисон од Тотенхем.
I am devastated not to have been selected to play for England at the Euros this summer.
— Harry Maguire (@HarryMaguire93) June 6, 2024
Despite my best efforts, I have not been able to overcome an injury to my calf. Maybe I pushed myself too hard, to try and make it. Simply, I am absolutely gutted.
For me, representing… pic.twitter.com/n7WXMuAzuO
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski