Connect with us

Мбапе голот го посвети на драга личност која ненадејно почина, а од него ги научи првите фудбалски чекори

Килијан Мбапе го одигра првиот натпревар откако потпиша за Реал Мадрид. Капитенот на Франција брилјираше во подготвителниот меч за ЕП во победата од 3-0 над Луксембург во Мец. Мбапе асистираше за првите два гола, а потоа беше стрелец на третиот погодок.

Откако постигна гол за 3-0, Мбапе ги крена показалците кон небото и ја покажа маичката што ја носеше под дресот на која пишуваше: „Почивај во мир чичко“.

По натпреварот многумина се прашуваа кој е човекот на кој му оддаде почит новата ѕвезда на Реал Мадрид.


Имено, Мбапе ги направи првите фудбалски чекори во францускиот клуб АС Бонди, кој пред неколку дена ја објави смртта на Александре Константинидис на 50-годишна возраст. Станува збор за човекот кој бил првиот тренер на францускиот ас во кариерата. Мбапе потоа напиша порака на Инстаграм за својот поранешен тренер.

„Почивај во мир Алекс. Тешко е да се најдат зборови за да се искаже колку сум тажен. Замина прерано и ќе ни недостигаш. Животот нема да биде ист без тебе, но ние ќе се грижиме за твоето семејство, биди сигурен во тоа“, напиша Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови