Германскиот првак Баер Леверкузен по долги години ја прекина доминацијата на Баерн Минхен, а тренерот Чаби Алонсо, сега се обидува дополнително да го засили тимот за одбрана на двојната круна и за настапот во Лигата на шампионите.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Баер Леверкузен фрлил око на напаѓачот на Јувентус, Матијас Суле. „Старата дама“ неговата вредност ја цени на 40 милиони евра.
Матијас Суле има само 21 година, а претходната сезона ја мина на позајмица во Фросиноне.
Аргентинецот постигна 11 гола на 39 натпревари за тимот кој на крајот испадна од Серија А.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













