
Фенербахче се поврзуваше со доведување на Ромелу Лукаку и Пауло Дибала кои во минатото соработуваа со Мурињо, но одличниот тренер јавно кажа дека нема да ги доведе. Сега медиумите од Шпанија тврдат дека Мурињо веќе го „пикирал“ своето прво засилување, а тоа ќе биде играчот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, кого сака да го врати во Фенербахче на позајмица.
Наводно, Мурињо веќе ги контактирал претставниците на Реал Мадрид за да договорат враќање на Ѓулер. Тој се пресели во Мадрид во јули 2023 година и потпиша шестгодишен договор со оваа екипа.
Во првата сезона не играше многу, а најголема причина беа честите повреди што ги имаше. Тој забележа само 10 настапи во Ла Лига, но и покрај тоа постигна шест гола за 330 минути на теренот.
Со оглед дека Килијан Мбапе и Ендрик ќе бидат играчи на Реал Мадрид од следната сезона, јасно е дека просторот за игра на Арда Ѓулер ќе биде уште помал.
Мурињо сака да го искористи сето тоа и ќе се обиде да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
