Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон, нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија, откако ја напушти селекцијата, објавија британските медиуми.
„Скај Спортс“ и „Би-Би-Си“ тврдат дека Медисон е првиот играч од 33-члениот тим што сигурно нема да биде дел од тимот од 26 играчи на турнирот.
Селекторот Саутгејт треба да се откаже од седум играчи во петок, еден час откако Англија ќе ја заврши последната контрола против Исланд на „Вембли“ во Лондон.
Гордиот Албион учеството на ЕП 2024 го започнува против селекцијата на Србија на 16 јуни, а во групата ќе игра и против Словенија и Данска.
Медисон има седум натпревари за Англија, никогаш не ги одиграл цели 90 минути. Тој беше во составот и за Светското првенство во Катар, но отпадна поради повреда на коленото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













