Connect with us

Де Бруин, Мбапе, Ериксен се загреваа со голови, а Халанд постигна хет-трик (ВИДЕО)

Европските селекции играат пријателски натпревари, оние поквалитетните се подготвуваат за настапот на ЕВРО 2024. Белгија ја победи Црна Гора со 2-0, а јубилејниот стоти меч за националниот тим со гол го прослави Кевин де Бруин. Погоди и Леандро Тросар од пенал во последните моменти од мечот.

Франција го совлада Луксембург со 3-0. Килијан Мбапе се запиша меѓу стрелците, а претходно асистираше и за головите на Рандал Коло Муани и на Жонатан Клаус.

Норвешка го победи Косово со 3-0, со хет-трикот на Ерлинг Халанд.

Данска славеше против Шведска со 2-1, а победничкиот гол беше дело на Кристијан Ериксен во 85.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови