
Пако Хемез е изборот за нов тренер на Рајо Валјекано, откако управата на мадридскиот клуб го ангажираше својот поранешен стратег за наследник на Мичел. Тој денеска потпиша договор со Рајо со важност до јуни 2020 година, а основна цел му е да се обиде да го извлече клубот од големата резултатска криза и да обезбеди опстанок во елитното друштво.
Тимот на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно влезе во серија на порази, а последниот неуспех против Вилјареал придонесе управата да му врачи отказ на тренерот Мичел.
Хемез е логичен избор за нов тренер ако се знае дека станува збор за стратегот што има остварено најдобар резултат со Рајо Валјекано во историјата на настапите на овој клуб во „Ла Лига“. Тој седеше на клупата на Рајо во периодот од 2012 до 2016 година, а освоеното осмо место во Примера во 2013 година е најдобар пласман во историјата на Рајо. Во 2016 година тимот испадна од „Ла Лига“, по што Хемез си замина од кормилото на мадридскиот клуб, а последен ангажман му беше на клупата на Лас Палмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
