
Украинскиот голман Андриј Лунин блесна во дресот на Реал Мадрид изминатата сезона користејќи го просторот што го остави повредата на Тибо Куртоа. Сепак, Белгиецот се врати и застана на голот во финалето на Лигата на шампионите.
Големи дилеми во јавноста предизвика оваа одлука на Карло Анчелоти, сепак да му даде предност на Тибо Куртоа, иако Лунин бранеше одлично во текот на сезоната. На крајот, сепак, Куртоа одбрани фантастично против Борусија Дортмунд, а „кралевите“ ја освоија 15. европска круна.
Лунин не сака да биде резерва, посебно откако почувствува дека може да игра важна улога на голот и во големи клубови, па сега размислува за заминување. Шпанските медиуми најавуваат дека тој би можел да направи големо „предавство“ и да потпише за градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Ова е во опција само доколку Јан Облак замине во Премиер – лигата од каде има неколку понуди, а меѓу нив дури и повик од Пеп Гвардиола да го замени Едерсон на голот на „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
