Големата француска ѕвезда и капитен на тимот, Килијан Мбапе, зборуваше на својата прва прес-конференција по објавувањето на трансферот во Реал Мадрид. Фудбалерот спомена и за неговите искуства минатата сезона во Пари Сен Жермен.
„Ќе бидам играч на Реал Мадрид најмалку во наредните пет сезони. Многу сум возбуден поради идејата да му се приклучам на овој голем клуб. Пристигнувам таму со голема доза скромност. Би сакал да им се заблагодарам на сите што помогнаа. Имам многу емоции, но морам да се вратам во реалноста. Знам дека е неправедно кон националниот тим“, изјави Мбапе.
„Чувствувам големо олеснување. Многу сум среќен и мислам дека тоа лесно се покажува на моето лице. На крајот од сезоната играв помалку. Сите знаат зошто. Но, тоа нема да биде оправдување за време на Европското првенство“.
„На почетокот на сезоната ми беше објаснето дека повеќе нема да играм за ПСЖ, во лице ми беше кажано, грубо ми зборуваа, ми го кажаа тоа. Луис Енрике и Луис Кампос ме спасија. Без нив јас не би стапнал повторно на теренот, тоа е вистината и затоа отсекогаш сум им бил толку благодарен на тренерот и на спортскиот директор.
„Не бев несреќен во ПСЖ. Да се каже така би било да плукам таму каде што сум бил. Тоа би било плукање во лице на сите луѓе кои ме бранеа. Но, имаше работи што ме правеа несреќен. И играч како мене, со мојата големина, не може да го покаже тоа. Се обидов да бидам што е можно попозитивен. Сите играчи, тренерот и персоналот ми помагаа. Би било малку грубо да плукам. Но, има работи и луѓе кои ме направија несреќен, тоа е сигурно“, откри Мбапе.
„Мислам дека среќниот човек е поверојатно да игра добро отколку несреќниот. Сега нема оправдување за настапите што ги имав. Не затоа што се смеам, туку затоа што ќе победуваме во натпреварите. Европското првенство е покомпликувано од Светското првенство, затоа што сите селекции се навикнати да играат меѓусебе. Но, Франција сака да го освои трофејот“, заврши Килијан Мбапе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski