
Килијан Мбапе и официјално стана играч на Реал Мадрид, со кој потпиша петгодишен договор. Брилијантниот француски напаѓач пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ и откако светските медиуми со месеци пишуваа дека ќе потпише за Реал.
Мбапе ќе го носи бројот „9“ на дресот на мадридскиот клуб, кој е слободен откако неговиот сонародник Карим Бензема минатата година замина во саудискиот Ал – Итихад.
Мбапе и неговите претставници не го ни прашале Реал дали може да го земат бројот „10“ за следната сезона, покажувајќи почит кон Лука Модриќ, кој останува во клубот уште една сезона.
Модриќ со години го носи бројот „10“, па Мбапе ќе мора да почека да се ослободи со заминувањето на Лука.
Кристијано Роналдо своевремено исто така го чекаше Раул, легендата на Шпанија и Реал, да го солободи дресот со број „7“. Исто така, Мбапе не може да го добие тој број, бидејќи му припаѓа на Винисиус Жуниор, еден од најважните играчи во тимот на тренерот Карло Анчелоти.
Мбапе доаѓа како еден од најдобрите играчи во светот. Во ПСЖ пристигна во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Лионел Меси и Нејмар и постигна 256 гола и постави 108 гола за ПСЖ на 308 натпревари, не успеа да ја освои Лигата на шампионите, што не му успеа ниту годинава, кога тимот беше елиминиран од Борусија Дортмунд во полуфинале.
Од друга страна, Реал Мадрид има 15 европски титули во својата богата историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
