Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, успешно ги оперираше препоните, соопшти неговиот клуб. Не е познато колку долго ќе отсуствува искусниот фудбалер, но најверојатно ќе биде на располагање за почетокот на претсезонските тренинзи на тимот кон средината на јули.
Во меѓувреме, дефанзивецот на Јувентус, Федерико Гати, официјално доби повик во селчекцијата на Италија за ЕВРО 2024 како замена за Ачерби, но и Џорџо Скалвини, кој исто така е повреден.
Гати, кој има три натпревари за Италија, се приклучи на тимот во Коверчиано во текот на денешниот ден. 25-годишникот беше на готовност од петокот по веста за повредата на Ачерби.
Италија на Европското првенство во Германија е во група со Албанија, Шпанија и со Хрватска. „Сквадра Азура“ ќе има две контроли пред турнирот, против Турција и против Босна и Херцеговина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













