Новиот шампион на Европа, Реал Мадрид, трајно ќе го задржи Хоселу, тврди „Атлетик“. Минатата сезона напаѓачот играше на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен од Еспањол, за што клубот плати 500.000 евра. Во договорот има и откупна клаузула во висина од 1,5 милиони евра, што Реал ќе ја искористи.
Централниот напаѓач веќе има 34 години и се очекуваше дека нема да продолжи да го носи дресот на „кралскиот клуб“, особено по доаѓањето во Реал на уште двајца напаѓачи, Килијан Мбапе и Ендрик. Сепак, според информациите, мадриѓани ќе ја активираат клаузулата и ќе го задржат Хоселу.
Самиот тој отсекогаш бил навивач на Реал Мадрид и престојот во клубот го нарекува „остварување на сонот“.
Во текот на сезоната претежно беше резерва, но сепак успеа да блесне со 17 гола. Посебно вредни беа неговите два гола во реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, со кои тимот се пласираше во мечот за трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













