Голема е веројатноста Џејдон Санчо следната сезона повторно да игра за Манчестер Јунајтед.
Вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Борусија Дортмунд каде си ја врати самодовербата и повторно покажа дека е одличен фудбалер.
Сепак, Тен Хаг претходно го исфрли од тимот, го суспендираше поради недисциплина, што беше осудено и од неколку познати тренерски имиња. Меѓу нив беше и Мурињо, кој истакна дека Тен Хаг не знаел да го извлече најдоброто од Санчо.
Со оглед дека нема откупна клаузула за Борусија Дортмунд, Јунајтед ќе го врати, но Санчо не сака да се приклучи на клубот сѐ додека на кормилото е на Ерик тен Хаг.
Борусија Дортмунд, пак, нема пари да го купи, но можна е нова позајмица доколку Тен Хаг остане на клупата на Манчестер Јунајтед.
Се чини дека Манчестер Јунајтед е сѐ поблиску до промена на позицијата шеф на стручниот штаб бидејќи Ерик тен Хаг никого не убеди дека може да направи успех со овој тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













