Напаѓачот Мемфис Депај го напушта Атлетико Мадрид и станува слободен играч. Тој самиот ја потврди веста.
„Да, станувам слободен агент и летово можам да се преселам каде сакам“, изјави Холанѓанецот. „Не сум во напредни преговори со ниту еден клуб бидејќи мојот фокус е на Европското првенство.“
На Холанѓанецот му истекува договорот со Атлетико Мадрид и тој нема автоматски да биде обновен, за што имаше опција. Депај е дел од шпанскиот клуб од почетокот на 2023 година. Постојат најави дека тој би можел да се врати во Холандија и да го облече дресот на ПСВ Ајндховен.
Оваа сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













