Connect with us

Мурињо пречекан како султан во Истанбул: Илјадници фанови на Фенер излегоа да го поздрават (ВИДЕО)

Жозе Мурињо е нов тренер на Фенербахче. Португалецот предизвика неверојатна еуфорија во Истанбул, кај фановите на овој тим.

Специјалниот денеска пристигна во Истанбул и беше пречекан како султан. Од него навивачите на Фебербахче очекуваат да стави крај на постот без титула за овој клуб. Фенербахче цели десет години се нема радувано на шампионскиот трофеј во Турција.

„Веднаш чувствувам голем љубов овде. Фудбалот е страст и јас ќе сторам сѐ да ја негуваме таа страст и да не води напред. Од овој момент сум дел од семејството и овој дрес на Фенербахче е на мојата кожа“, изјави Мурињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови