
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, зборуваше по поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите.
Хумелс е разочаран од поразот, но потенцира дека тој и соиграчите немаат никаква причина да се срамат од настапот. Напротив, можат да бидат горди на каков начин се претставија во финалето на „Вембли“.
„Одигравме одличен натпревар. Многу сум горд на тимот поради начинот на кој настапивме. Одигравме храбро, со срце, игравме квалитетен фудбал. Пропуштивме само да постигнеме гол. Тогаш Реал Мадрид погоди како што тоа го направи многупати во изминатите години“, изјави Хумелс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
