
Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, зборуваше по победата од 2-0 против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.
Тоа e негов шести трофеј со „кралевите“ во елитното европско натпреварување, кој емотивно реагираше на успехот, но и на одлуката на неговиот соиграч Тони Крос да ја заврши кариерата.
„Кога дојдов во Реал Мадрид, сонував да ја освојам Лигата на шампионите. Сега се надевам дека ќе го освојам седмиот трофеј со овој клуб. Реал Мадрид е клубот на мојот живот, би сакал тука да ја завршам кариерата. Навистина ми е лошо да слушам како луѓето зборуваат само за мојата возраст. Моето ниво е сè уште високо. Многу сум среќен и за Тони што на овој начин ја заврши клупската кариера. Не може да биде подобро. Му честитам и сакам да му се заблагодарам за сѐ што направи за овој клуб. Многупати испишавме историја и сега повторно се случи лудило. Исто така… споделувањето на титулата најодликувани играчи на клубот со Начо е нешто уникатно за мене“, изјави Модриќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
