Германскиот ас Тони Крос на најубав можен начин ја заврши клупската кариера, освојувајќи го со Реал Мадрид трофејот во Лигат на шампионите. Тој вели дека можеби клучен фактор на мечот беше и тоа што Реал не прими гол во првото полувреме.
„Тоа е финале во Лигата на шампионите и нормално е да патите во текот на играта, но на крајот имавме можност први да постигнеме гол. На моменти беше доста тешко и мислам дека клучно беше што не примивме гол во првото полувреме. Потоа влеговме многу подобро во вториот дел и постигнавме гол. Бевме целосно присутни, но ни требаше многу време за да се наметнеме дека сме подобриот тим“, изјави Крос.
Крос даде одговор и зошто „кралевите“ толку често го освојуваат најсилниот европски турнир. Тоа е комбинација од неколку фактори.
„Тоа е спој на различни квалитети, на нашиот дух. И овој ден беше добар пример дека не смеете да престанете да верувате дека ќе победите. Среќен сум, неверојатно е, тоа ми е шести трофеј во ЛШ, понекогаш не ми се верува дека сум ги освоил толку многу“, истакна Крос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













