
Антонио Конте ќе биде тренер на Наполи од стартот на новата сезона. Договорени се сите детали од договорот кој ќе биде со важност до јуни 2027 година.
Според некои италијански медиуми, Конте ќе заработува меѓу 8 и 9 милиони евра годишно, со што ќе стане најплатен тренер во Италија. Досега тоа беше Симоне Инзаги со плата од 5,5 милиони евра.
Наполи беше големо разочарување оваа сезона и заврши на десеттото место откако минатата година стана италијански шампион. Оваа сезона смени дури тројца тренери.
Лучијано Спалети го напушти клубот по триумфот во Серија А минатата сезона и беше наследен од Руди Гарсија. Него во ноември го наследи Валтер Мацари, кој беше отпуштен во февруари. Потоа, привремен тренер беше селекторот на Словачка, Франческо Калцона.
Ова ќе биде прва работа за Конте по раскинувањето на договорот со Тотенхем со заедничка согласност во март минатата година. Последен пат работеше во Италија од 2019 до 2021 година, кога беше тренер на Интер. Четирипати го освојуваше италијанското првенство како тренер, трипати со Јувентус и еднаш со Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
