Германскиот гигант Баерн Минхен доби нов тренер во името на Винсен Компани и сега тргнува во реконструкција на тимот. Белгиецот ги сака Џек Грилиш од Манчестер Сити и Олександр Зинченко од Арсенал, но има голема желба и од Серија А.
Тоа е Тео Хернандез, левиот бек на Милан. „Кориере дело спорт“ наведува дека најголемиот германски клуб е подготвен на „росонерите“ да им понуди 80 милиони евра за услугите на францускиот фудбалер и тоа би требало да биде доволно за да се реализира трансферот.
Во Баерн го гледаат Тео Хернандез како идеална замена за Алфонсо Дејвис, кој најверојатно ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













