Connect with us

Марко Ројс слави 35. роденден, а подарокот од соиграчите го чека утре – титула во ЛШ

Марко Ројс денеска го слави 35. роденден, а утре ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Борусија Дортмунд. Тој подарокот за роденден од соиграчите го очекува утревечер на „Вембли“ – титула во Лигата на шампионите за крај на една ера во клубот.


„Тоа би била вистинска бајка. Но, треба да одиграме најдобро што знаеме за да се надеваме на триумф против Реал Мадрид“, изјави Марко Ројс.

Германецот веќе се збогува со фановите на „Сигнал Идуна парк“, а утре со Борусија Дортмунд ќе настапи во финалето на ЛШ.

Марко Ројс кариерата најверојатно ќе ја продолжи во МЛС – лигата на САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови