Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, призна дека во изминатите неколку недели добил понуди од Премиер – лигата.
Италијанецот стана хит откако со Аталанта ја освои Лигата на Европа, а патем ги победи Ливерпул, Спортинг Лисабон и Баер Леверкузен.
„Во изминатите неколку недели добив неколку значајни понуди од Премиер – лигата. Но, сега не можам да прифатам да ја напуштам Италија. Се чувствувам одлично и ја планирам иднината со Аталанта“, изјави Гасперини.
Аталанта следната сезона ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите и сигурно ќе направи чекор напред по освојувањето на Лигата на Европа и четвртото место во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













