Новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Милан ќе има на располагање 100 милиони евра за трансфери, пренесуваат италијанските медиуми. „Газета дело открива дека сумата ќе биде искористена за ангажирање на најмалку четворица нови играчи.
Сумата за доведување нови имиња ќе се зголеми доколку Милан ова лето продаде некој од своите фудбалери. Италијанските медиуми пишуваат дека „росонерите“ ќе бараат по еден напаѓач, стопер, дефанзивец и дефанзивен играч за врска.
За улогата на дефанзивен играч за врска, главен приоритет е Јусуф Фофана (25) од Монако, кој би чинел околу 25 милиони евра.
Милан наводно покажал голем интерес и за холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе (23), за кого Болоња бара 40 милиони евра, а кој беше хит сезонава со 12 гола и седум асистенции на 37 натпревари.
Пред неколку дена Милан на својата официјална веб страна го потврди заминувањето на тренерот Стефано Пиоли, а наводно е постигнат договор со Пауло Фонсека, кој треба да биде промовиран во наредните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













