
Арсенал го зголемува интересот за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс. Од „Емирати“ се подготвени дури и да ја платат отштетната клаузула на 21-годишниот талент, која е околу 50 милиони евра, пишува „Фудбал Лондон“.
„Топчиите“ сакаат да го завршат договорот што е можно побрзо за да можат да имаат комплетно тим пред почетокот на летниот тренинг камп. Затоа се очекува многу брзо да почнат да работат на овој трансфер.
Атлетик Билбао не сака да остане без еден од најважните играчи, но не може да го сопре трансферот доколку биде активира откупната клаузула во договорот. Така Арсенал ќе има навидум полесна задача да постигне договор со Нико Вилијамс за условите под кои би се согласил да дојде на „Емирати“.
Нико Вилијамс е производ на школата на Атлетик. Досега за баскискиот клуб има 122 настапи, 20 гола и 24 асистенции. За него е заинтересирана и Барселона, но Каталонците тешко можат да се натпреваруваат со финансиските можности на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
