Connect with us

Мендилибар: После една година кога пак ќе го гледам овој меч, ќе се држам за глава и ќе си велам – леле, како победивме

Тренерот на Олимпијакос, Хозе Луис Мендилибар, не ја криеше радоста по освојувањето на титулата во Конференциската лига. Тој го предводеше тимот до трофејот и покрај тоа што ја презеде одговорноста пред само четири месеци.


Шпанецот призна дека по некое време ќе го памети овој триумф и ќе се држи за глава.

„Моравме да поминеме долг пат за да дојдеме до овој успех. Досега се боревме на други фронтови, но сега дојде време за големата битка и успеавме да ја добиеме. Најпрво, успехот му го посветувам на моето семејство, кои најмногу страдаат со мене. Потоа на навивачите кои секогаш нѐ поддржуваат и ни даваат неизмерна сила. Следен е клубот кој следната година слави 100-годишнина. И, конечно, ние сме тренерите кои последните четири месеци се боревме да стигнеме овде“, започна Мендилибар.

„Изгледаше дека натпреварот оди на пенали, но некако успеавме да победиме. Години од сега ќе се навраќам на овој момент и ќе се држам за глава. Имам уште една година под договор и немам планови да одам никаде. Ајде да славиме“, изјави тренерот на Олимпијакос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови