Connect with us

Винсен Компани долета во Минхен, денеска ќе биде промовиран како тренер на Баерн (ВИДЕО)

Баерн Минхен веројатно уште денеска ќе го претстави својот нов тренер Винсен Компани, објави „Скај Германија“. 38-годишниот Белгиец веќе слета во баварската престолнина и се очекува неговото назначување да биде потврдено до крајот на денот.

Компани ќе потпише договор со Баерн Минхен на три години, односно до летото 2027 година.

Се верува дека Баварците ќе платат меѓу 10 и 12 милиони евра како обештетување на Барнли за белгискиот стратег.

Инаку, вчера членот на Надзорниот одбор на Баерн Карл-Хајнц Румениге потврди дека Компани може да се смета за сигурен нов тренер на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови