
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е најдобриот стрелец во Европа. Тој е вториот англиски фудбалер кој ја освојува европската „Златна копачка“.
Кејн од денеска и официјално е најдобар стрелец во Европа со вкупно 36 постигнати голови во германското првенство.
Кога ќе се помножат головите со 2.00, што е коефициент за германската Бундес-лига, се добива бројка од 72, што е највисока од сите напаѓачи во Европа.
Зад себе ги остави Гираси, Халанд, Мбапе, а Топ 5 го комплетира Опенда од Лајпциг.
Хари Кејн оваа сезона не успеа да освои трофеј со Баерн Минхен, но го освои индивидуалното признание за голгетер на сезоната во Европа.
Претходниот добитник беше Ерлинг Халанд, а претходниот Англичанец кој ја освои „Златната копачка“ беше Кевин Филипс од Сандерленд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
