Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека планот за игра на неговиот тим во поразот (1-2) од Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот не бил добар.
Шпанскиот стручњак во вториот дел ги внесе Хулијан Алварез и Жереми Доку на местото на Кевин Де Бруин и на Матео Ковачевиќ, кои му дадоа подобра динамика на тимот.
„Нашиот план за игра не беше добар. Второто полувреме беше подобро, имаше интензитет“, изјави менаџерот на „граѓаните“.
„Лесно го примивме првиот гол. Создадовме чисти шанси, но за жал нашиот гол дојде многу доцна“, изјави Гвардиола за голот на Доку во 87. минута.
„Разочаран сум, но сезоната беше исклучителна. Сега ќе се одмориме и ќе се вратиме следната сезона желни за нови трофеи“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













