Connect with us

Баер Леверкузен освои двојна круна во Германија (ВИДЕО)

Баер Леверкузен на шампионската титула од Бундес-лигата го придодаде и трофејот во Купот на Германија, освојувајќи историска двојна круна. Тимот на Чаби Алонсо успеа психолошки да се врати по поразот од Аталанта (0-3) во финалето на Лига Европа и само три дена подоцна го победи Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија со 1-0.

Гранит Џака беше стрелец на победничкиот гол за „фармацевтите“ во 16.минута. Тој упати удар од далечина и ја затресе мрежата на Кајзерслаутерн.

Баер Леверкузен од 44.минута остана со фудбалер помалку откако Одилон Косуну доби два жолти картони и беше исклучен. Сепак, и со десетмина на теренот тие успеаја да стигнат до триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови